ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата реагира на изјавите на Каракачанов

Македонската влада засега не планира да испрати протесна нота до Бугарија. Оттаму денеска само ја осудуваат изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов кој пред неколку дена во радио интервју порача дека е подготвен да ја испрати бугарската војска во Македонија да ги сруши сите споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“.

Вакви изјави се недостојни и недолични. Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија. Треба да се разграничи тоа што е работа на политичарите од работата на Мешовитата комисија за историски прашања“, изјави Душко Арсовски, портпарол на Влада.

Заканите не се начин на комуникација помеѓу две земји сојузнички во НАТО алијансата, возврати и Шеќеринска. Министерката за одбрана вели дека помина времето кога ваквите изјави на министри за одбрана се сфаќаа сериозно.

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни. Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин на кој што комуницираат или треба да комуницираат членки на Алијансата. Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои што сме ги испраќале изминативе години, а тоа е дека нашите граѓани нè плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност. А таа безбедност зависи од добрососедски односи, рече Шекеринска.

Ваквите остри реакции пристигнуваат по интервјуто на Каракачанов кој пред неколку дена порача дека Макеоднија со празнувањето на 11 октомври нацинален празник против бугарскиот окупатор продолжува да ја провоцира Бугарија и токму затоа тој е подготвен да го испрати инженерскиот полк во земјава, за да ги отстрани сите споменици кои вели дека не одговараат на историските факти.

И додека од Бугарија секојдневно пристигнуваат провокации, македонските власти се уште се надеваат дека има време да се решат сите отворени прашања со источниот сосед, за Македонија да не добие нова блокада за старт на преговорите со Европската унија до крајот на годинава.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.