ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата понуди покачување на платите за 10%, СОНК допрва ќе реши дали е прифатливо или ќе се штрајкува

Преговорите меѓу СОНК и Владата завршија, но конечно решение барем за сега нема. И двете страни се договорија за да се договорат. Владата на просветните работници им понуди почакување на платите за 10% од април следната година, а од СОНК велат дека тоа е добро, но може и подобро.

Првиот човек на Синдикатот за Алфа вели дека членовите до крајот на неделава ќе одлучат дали ќе ја прифатат владината понуда или сепак ќе одржат генерален штрајк.

  • Неколку дена ќе ни требаат за да одговориме на предлогот и да кажеме дали сме задоволни или не. Тоа е процедура која ќе трае до крајот на неделава или до почетокот на наредната. Предлогот ќе биде утре на седница на Советот на СОНК; потоа до членството и тие треба да дадат виза за прифаќање или отфрлање, рече Неделков. Како што рече, лично тој секогаш е за повеќе, посочувајќи дека остануваат уште неколку проценти од понудените за да стигнат до процентот за колку што е зголемена минималната плата.

За ресорниот министер Арбер Адеми ова е историско покачување на платите во образованието. Вели дека било добро просветните работници да го прифатат, за учениците да не изостануваат од часови.

  • Јас би кажал дека ова е историско покачување на платите во дејноста образование. Конкретниот предлог е од април платите да бидат покачени за дополнителни 10 проценти, почнувајќи од основно, средно, високо и наука, изјави Адеми. Рече дека предлогот утре ќе биде разгледан и на седница на Владата. Ќе ја чекаат одлуката на Советот на СОНК за, како што рече, да бидат информирани за исходот од преговорите. Нагласи дека со донесените закони се залагаат за кариерен развој и за подобрување на материјалниот и социјалниот статус на наставниците.

Инаку, Синдикатот за Образование Наука и Култура организираше предупредувачки штрајк на првиот училишен ден, а почетокот на учебната година започна со еден ден задоцнување. Барањето на СОНК првично беше зголемување на платите на просветните работници да биде за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата, односно до 25%.

Сега, за понудениот предлог Советот на СОНК ќе расправа уште утре, а потоа ќе чекаат повратен одговор од нивното членство. Што точно ќе одлучат и дали ќе излезат на улица, барем за сега е неизвесно.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.