Владата донесе одлука: Од утре поевтинување на педесетина производи
Најдоцна до задутре цените на 25 категории прехранбени производи треба значително да поевтинат, некои и над 30 отсто од сегашните…Стотици прехрамбени производи од 25 категории како што се пекарски производи, тестенини, месо, млечни производи, ориз и целото свежо овошје и зеленчук, од утре или најдоцна задутре ќе имаат пониски цени за најмалку 10%, во однос на цените што ги имале на 1 август..
Владата на денешната седница ја утврди листата со продукти, кои граѓаните ќе може во маркетите да ги препознаваат по ознаката „гарантирана цена“ до крајот на ноември, а доколку е потребно одлуката може и да се продолжи.
Министерто за економија Бектеши рече дека трговците задолжително ќе треба да набавуваат најмалку 70% во однос на количините од август.
По реакциите на граѓаните за укинувањето на акциите во супермаркетите, Бектеши информира дека е направена измена во однос на оваа мерка. Тој вели дека акции ќе бидат дозволени, но со пониски цени од замрзнатите и намалените. Доколку трговците прават акции на производи чии рок е пред истекување, тоа мора да биде дополнително означено.
Бектеши вели дека во моментов нема конкретни анализи за тоа како овие мерки би влијаеле врз инфлацијата, но според него таа би требало да се намали за околу 4 до 5%. Тој очекува дека оваа одлука ќе биде почитувана од страна на трговците, а за оние кои нема да го сторат тоа најави парични казни како и забрана за вршење дејност од страна на пазарен испекторат. Тој ги повикува и трговците и дистрибутерите чии производи не се нашле на овој список дополнително да се пријават во Министерството за економија, за да можат да ги намалат цените и да ја користат ознаката „гарантирана цена“.