ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Визна либерализација за Косово

Европскиот Парламент ја одобри одлуката за укинување на Шенген визите за граѓаните на Косово, со која се заокружуваат процедурите за одлучување по ова прашање. Одобрувањето беше направено без гласање, бидејќи немаше приговори.

„Не добив никаков предлог за отфрлање на ставот на Советот на министри на ЕУ и никаков амандман. Затоа ставот на Советот е усвоен и предложениот акт е усвоен“. – изјави Роберта Мецола, претседателка на ЕП.

Во согласност со усогласениот текст на одлуката, косовските граѓани ќе може слободно да патуваат во државите на Шенген зоната од 1 јануари 2024 година.

Утре ќе биде одржана церемонија на потпишување на правниот акт, каде што ќе учествуваат претставници на Европскиот парламент и Советот на министри на Европската унија, двете институции кои го одобруваат укинувањето на визниот режим за една земја.

Со објавувањето во Службениот весник на ЕУ, кое следува за 20-тина дена, одлуката за визната либерализација стапува на сила.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.