ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВИДЕО: „Ова е лажна пандемија“ – Германците застанале против мерките воведени поради коронавирусот

Протестите против владините мерки за борба против ширењето на коронавирусот се одржаа во неколку германски градови во саботата, а според наводите на полицијата, протекле мирно.

Повеќето противници на мерките за коронавирус, повеќе од 10.000 се собрале во Минхен, двојно повеќе од тоа што билопријавено.

Претходно полицијата во градот запрела една поворка, бидејќи учесниците не се придржувале до мерките како што се носење на заштитни маски.

Организаторите на протестите, здружените „Кеурденкен 089“ ги повикало учесниците на поворката да се одделат и повторно да се соберат на Терезиино поле, центарот на денешните протести.

Говорниците на протестите ја обвиниле германската влада за ширење страв од лажна пандемија и лишување од човековите права, поради мерката носење заштитни маски или одржување јаз.

Поединци носеле маици на кои пишувало „Против обврската за вакцинација, државно насилство, нечесни медиуми и предавници на народот“.

Истовремено, синдикати и мировни здруженија организирале антипротести, главно против екстремно десничарските сили, кои обично заедно маршираат во протестите против владините антикорупциски мерки.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.