(ВИДЕО) Невреме прави хаос во соседството. Поплави во Хрватска и во БиХ
Обилни врнежи предизвикаа поплави и излевање на повеќе реки на северозападот на БиХ. Во Приједор се поплавени околу 200 станбени објекти, а дојде и до пораст на нивото на водата и излевање на реката Пухарска. Полицијата во општината Добри Југ нареди евакуација во повеќе населби.
На подрачјето на Нови Град се излија реките Уна, Сана, Јапа и Војскова, а поплавени се повеќе домаќинства.
Невремето не стивнува ниту во Хрватска. Градските служби во Загреб вчера имале повеќе од 700 интервенции, а пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од неделата. Улиците на главниот град на Хрватска се полни со искршени гранки, а имало проблем и во градскиот сообраќај.
Предупредување за поплави веќе е во сила во соседна Србија каде веќе почнаа првите удари на дождот.