ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

(ВИДЕО) „Мед Мајк“ загина во пад на ракетата што сам ја направи

Мајк Хјуз, попознат како „Мед Мајк“ загинал во саботаа ви падот на ракетата којашто самиот ја изградил во калифорниската пустина, објавија во неделата светските медиуми.

Ракетата на парен погон на 64-годишниот аматерски астронаут Мајк Хјуз се урнала набрзи по лансирањето во саботата во близија на градот Барстоу. Еднаш по лансирањето, како што се чини според видеото објавено на социјалните мрежи, од ракетата потпаднал безбедносниот падобран.

Хјуз беше познат по своето убедување дека Земјата е рампа. Се надеваше дека својата теритотија ќе успее да ја докаже со лет во Вселената.

Мајк Хјуз и негвоиот партнер Волдо Стејкс направија ракета на парен погон. Според нивниот план, ракетата требаше да го подуигне Мај на височина од околу 1.530 метри (5.000 стапки) над пустината во близина на градот Бастроу, во американската сојузна држава Калифорнија, пишува Space.com.

Саботното лансирање е снимено за новата телевизиска емисија „Homemade Astronauts“ за аматерските производители на ракети којашто ќе се емитува на Science Channel. Телевизискиот канал објави дека Хјуз загинал „следејќи го својот сон“.

Мајк Хјуз во 2002 година го постави Гинисовиот рекорд во најдол лет (скок) со лимузина, кога со сојот „линколн таункар“ пречета 31 метар, односно 103 стапки.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.