Вештачењето на мобилниот телефон на Јанева готово – ќе биде ли клучно за Јанева да биде осомничена?
Заврши вештачењето на телефонот на Катица Јанева – но детали нема. Обвинителката Вилма Русковска го добила извештајот од мобилниот телефон на катица Јанева кој и беше одземен во рамки на истрагата за случајот Рекет. Но што е пронајдено во еден од мобилните телефони на Јанева од ОЈО не откриваат, по вториот телефон, кој Јанева рекла дека го изгубила и натаму трагаат.
Државниот обвинител Љубомир Јовевски во телефонски разговор за ТВ24 вели дека овој извештај на телефонот од специјалната обвинителка може да донесе проширување на истрагата.
„Детали не можеме веднаш да откриеме, мора да се направи една добра анализа на комуникацијата во овој телефон. Не е исклучено ако има докази да донесе и проширување на истрагата Рекет, но засега останува неизвесно. Тоа е комуникација само од телефонот којшто и беше запленет, вториот сеуште не е пронајден.“ – изјави Љубомир Јовевски – Јавен Обвинител
Јанева минатиот понеделник писмено си поднесе оставка на функцијата, во вторникот пак отворила боледување и оттогаш е недостапна за јавноста, а каде се наоѓа специјалната обвинителка засега нема сознанија ниту Обвинителството, кое нема нарачано таква мерка од МВР, ниту за следење или лоцирање.
Надлежните што е можно поскоро да го решат случајот и да не се остави ни најмал простор за сомнеж побара и претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Обвинителството за организиран криминал случајот „Рекет“ во кој прво осомничен е Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки 13 и Зоран Милевски, ја обелодени минатата недела.
Милески заедно со Боки 13 сега е во притвор под сомнение дека земале рекет. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие наводно барале рекет од Камчев од 8 милиони евра, за преку јавна обвинителка да биде олеснета постапката што се води против него за случајот на СЈО со кодно име „Империја“.
Во изминативе седум дена по обелоденување на истрагата од домот на првоосомничениот Јовановски обвинителството одзеде компјутер, а пронајдена била и скапа облека, накит, луксузни ташни и уметнички дела, додека пак во домот на второосомничениот Кичеец, меѓу другото било најдено и оружје за кое истрагата допрва треба да покаже дали легално го поседувал. Викендов пак во Охрид Збеше запленет и глисер во сопственост на Зоран Милески.