ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Велика Британија купува 90 милиони дози експериментални вакцини против Ковид-19

Не е познато дали вакцините ќе се покажат како ефикасни против вирусот. За развој на вакцина обично се потребни години, а неколку вакцини во светот се во раните фази на тестирање.

Британските власти соопштиле денес дека потпишале договор за купување на 90 милиони дози експериментални вакцини против коронавирус. 

Владата во Лондон обезбедила пристап до вакцините кои ги развиваат фармацевтските компании “Pfiser” и “BioNTech”, покрај уште една експериментална вакцина која ја истражува “Valneva”.

Британија претходно потпишала договор за “AstraZeneca” за обезбедување на 100 милиони дози вакцини против коронавирус, кои се тестираат на Универзитетот Оксфорд. Резултатите врзани за таа вакцина се очекуваат денес во текот на денот.

“Милиони луѓе би можеле да бидат вакцинирани против коронавирусот”, се наведува во соопштението на владата.

Не е познато дали вакцината ќе се покаже ефикасна против вирусот. За развој на вакцина обично се потребни години, а веќе десетина вакцини во светот се во рана фаза на тестирање.


Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.