„Вектор“ ја регистрира втората руска вакцина против коронавирус
Новосибирскиот центар „Вектор“ ја регистрираше втората руска вакцина против коронавирус, изјави претседателот на РФ Владимир Путин отворајќи го состанокот со членовите на владата.
Препаратот „ЕпиВакКорона“ не е штетен, првите 60000 дози ќе бидат произведени во најскоро време, рече потпретседателот на владата на РФ Татјана Голикова.
Путин додаде дека Голикова и раководителот на Руската државна агенција за контрола на квалитетот на прехранбени производи (Роспотребнадзор) Ана Попова веќе ја примиле новата вакцина во рамките на клиничките тестирања.
Ова е втор руски препарат за превентива од новиот вирус. Првиот е „Спутник V“, кој беше регистриран кон средината на август.
Во тек е работата над создавање жива вакцина во Центарот за истражувања и изработка на имунобиолошки препарати „Чумаков“ на Руската академија на