ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Буџетот за 2021 на седница на Влада – приоритет е здравството и економското заздравување

Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на буџетот за 2021 година по скратена постапка денеска ќе бидат разгледани на редовната седница на Владата

Поддршка на здравството и економското заздравување од кризата од ковид-19 се главните приоритети во буџетот за 2021 година, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на средба со меѓународни институции и делегации од ЕУ, ММФ и Светска банка.

Како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата Бесими посочил дека предвидени се и реформи во јавните финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок.

„Целокупниот процес на реформи во јавните финансии ќе значи воведување на концептот на SMART Finance (СМАРТ финансии – стратешки, одржливи, одговорни, реформски и транспарентни), односно јавни финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок, во рамки на фискална одржливост и макроекономска и финансиска стабилност“,

посочи Бесими.

Министерот вели дека главните темели на кои ќе биде поставен буџетот за 2021 година ќе бидат забрзан, инклузивен и одржлив економски раст преку владеењето на правото и подигнување на капацитетот на институциите.

Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на буџетот за 2021 година по скратена постапка ќе бидат разгледани на попладневната редовна седница на Владата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.