Бурна атмосфера на собраниската Комисија за случајот „Онкологија“, пратениците контра Јовески
На Клиниката за онкологија имало „канцер-мафија“ и рокот на работата на собранската Комисијата треба да биде продолжен, за да се види што се случвало таму и оваа годината.Да не се прави паралелна истрага во Собранието оти кривичната одговорност не е во ваша надлежност, оставете не да работиме! Со ваквата порака Јавниот Обвинител Љубомир Јовески предизвика тензии на Анкетната комисија.
Според Јовески, пратениците го загрозуваат истражниот процес и даваат можност на одбраната во суд да ги оспорува доказите за случајот „Онкологија“.
Јовески кој во улога на сведок седна на пратеничко столче не сподели многу детали за постапката. Кажа само дека предистрагата е при крај, а досега биле земени искази од 40-тина луѓе. На прашање за наводите што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги добиле од свиркачи кои според партијата докажуваат оти и сега има нерегуларности на Онкологија, Јовески рече дека според неговите информации тоа се истите документи што ги имала Анкетната комисија. И Јовески, а и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој повторно сведоше пред Комисијата кажаа дека ако има нови докази треба да се достават до органите на прогонот.
Претседателката Рашела Мизрахи најави дека ќе се бара продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија поради објава на нови сознанија од кои како што реше „може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафија“.
Денешниот е последен ден за сослушување на сведоци и експерти. Освен Јовески и Спасоски, втор пат беше повикан и поранешниот директор на Клиниката Нино Васев, а и Венко Филипче кој не дојде, поради, како што образложил во допис, обврски надвор од државата.