БУГАРСКОТО МНР „ЗАЧУДЕНО“ ОД РЕАКЦИИТЕ ЗА КЛУБОТ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“

Официјална Софија е зачудена од острите реакции на Скопје во врска со бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“ откако бугарското МНР денеска писмено реагираше од како што ја нарече во дописот- антибугарската кампања која се води во Македонија. Во реакцијата се наведува:
„Повторно сме сведоци на говор на омраза против Бугарија, кој е поттикнат од парламентарните политички партии, претставници на јавноста и на академската заедница. Посебно загрижува фактот што се прават обиди Бугарија и бугарскиот народ нeправедно да се изедначат со фашизмот. Ширењето на тенденциозни погрешни толкувања на историјата е токму една од причините поради која имаме Договор за добососедство и формиравме Заедничка комисија за историски прашања. Очигледна е потребата таа да направи вистински напредок на чувствителните теми во нашата заедничка историја“.
И поранешниот премиер сега веќе и прв опозиционер, претседателот на ГЕРБ – Бојко Борисов пак одговарајќи на новинарски прашања на последната прес-конференција кој е неговиот став по однос на последните случувања со Македонија, но и препораките на ЕК двете земји да најдат решение за Македонија да може да го почне процесот со ЕУ. Борисов со одговор дека и тој е ЗА, но мора да се испочитува договорот за добрососедство.
Борисов со критики и до премиерот Петков дека властите во Софија не се снаоѓаат најдобро во водењето на овој процес.
„Ние сме за процесот. Има договор за добрососедство тој треба да се испочитува и има начин како тоа да се оствари. Промена на учебниците, историската Комисија тоа треба да го реши и да се оди напред. Основниот процес е тој само што овде кај нас нема кој да го води“ вели Борисов.
Одговарајќи на новинарски прашања на оваа тема вчера остри реакции до властите во Софија испратија и шефот на државата Пендаровски кој бугарскиот претседател Радев го нарече колега кој изнесува невистини во врска со историјата и името на Ванчо Михајлов, а пак премиерот Ковачевски најави дека следната недела до Софија ќе испратат соодветен одговор.
Реакција имаше и од ЕК која пак во својот допис посочи дека ја разбира реакцијата на македонските власти поврзана со ликот и делото на Ванчо Михајлов и апелираше уште еднаш Македонија и Бугарија да се насочат кон решавање на проблемите.