ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бројот на жртви од корона вирусот се искачи на речиси 1.900

Светската здравствена организација соопшти дека повеќе од 80% од пациентите „се лесно заболени и ќе закрепнат“

Кинеските здравствени власти во вторникот известија дека бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 72.000, а бројот на жртви се искачи на речиси 1.900.

Најновото ажурирање на податоците опфаќа 98 нови смртни случаи и 1.886 нови случаи на инфицирани што го затегна кинескиот здравствен систем и ги натера властите да прогласат одредени области за затворени со цел да се спречи ширење на вирусот.

Државната телевизија објави дека едно лице кое починало од вирусот во вторникот е Лиу Џиминг, директор на болницата Вучанг во Вухан, главниот град на провинцијата Хубеи што е епицентар на епидемијата.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебриезус, во понеделникот изјави дека кинеските податоци од последните денови се чини дека укажуваат на пад на бројот на нови случаи. Сепак, тој рече дека трендот „мора да се толкува многу претпазливо“.

„Трендовите можат да се променат. Премногу е рано да се каже дали трендот на намалување ќе продолжи. Сите сценарија сè уште се на маса“, рече тој, опишувајќи ја епидемијата како „многу сериозна“ со „потенцијал да расте“, но рече дека тоа е претежно ограничено во провинцијата Хубеи.

Исто така рече дека повеќе од 80% од пациентите „се лесно заболени и ќе закрепнат“. Соединетите американски држави соопштија дека во понеделникот евакуирале повеќе од 300 свои граѓани и членови на нивните семејства кои биле на бродот „Принцес Дајмонд“.


СЗО во својот последен извештај соопшти дека има 794 потврдени случаи на инфицирани со корона вирусот надвор од Кина. 542 случаи се патници на бродот за крстарења кој е под карантин во Јокохама, Јапонија, вклучувајќи 88 нови случаи објавени во вторникот.

Соединетите американски држави соопштија дека во понеделникот евакуирале повеќе од 300 свои граѓани и членови на нивните семејства кои биле на бродот „Принцес Дајмонд“. Еден авион со кој се превезувале патниците пристигнал рано во понеделникот во воздухопловната база Тревис во Калифорнија, додека друг слетал неколку часа подоцна во базата на воздухопловните сили Лакленд во Тексас.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.