ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Британски научник: Сојот од нашата земја ќе се прошири низ целиот свет

Сојот на коронавирусот откриен во британскиот округ Кент создава загриженост бидејќи со новите мутации би можел да ја заобиколи заштитата обезбедена со вакцинацијата, изјави Шерон Пикок, раководителка на британската програма за генетски надзор.

Пикок исто така рече дека тој сој најверојатно ќе се прошири низ целиот свет. Пандемијата на коронавирусот досега уби 2,35 милиони луѓе и ги смени животите на милијарди, а новите соеви го зголемуваат стравот дека ќе биде потребно да се модифицираат досега развиените вакцини и дека ќе бидат потребни дополнителни дози.

Пикок, раководителка на британскиот Конзорциум за геномика (ЦОГ-Велика Британија), рече дека вакцините во моментов се ефикасни против британскиот сој, но дека мутациите можат да ја намалат нивната ефикасност..

„Загрижувачки е што сојот 1.1.7, кој циркулира со недели и месеци, повторно почнува да мутира, а новите мутации може да влијаат на начинот на кој му пристапуваме на вирусот во однос на имунитет и ефикасност на вакцините. Загрижува и тоа што 1.1.7, позаразниот сој кој е доминантен во државата, сега мутира кон нов вид што може да ја загрози вакцинацијата“, изјави таа за Би-би-си.

Во Бристол е идентификувана нова мутација E484K на протеинскиот шилец, а досега се откриени 21 случај.

Научниците во моментов се загрижени за три распространети соеви – јужноафриканскиот, познат како 20I/501Y.V2 или Б.1.351, таканаречениот британски сој 20I/501Y.V1 или B.1.1.7 и бразилскиот, познат како П.1.

„Британскиот сој, позаразен, но не нужно и посмртоносен, најверојатно ќе се прошири низ целиот свет“, рече Пикок, чија држава, под општ карантин, од јануари бележи значителен пад на бројот на заразени.

„Штом ќе го совладаме вирусот или мутира на ниво каде што не развива болест, можеме да престанеме да се грижиме за него. Но, мислам дека тоа ќе го правиме со години. Мислам дека со тоа ќе се справуваме уште десет години“, додаде Пикок.

Вакцините на Фајзер и Бајонтек и Астра зенека штитат од британскиот вид, пишува Ројтерс.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.