ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Британија смета оти не е практично да испраќа борбени авиони во Украина

„Британските борбени авиони се исклучително софистицирани и потребни се месеци за да се научи како да се управуваат. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат тие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за она што мислиме дека е вистински пристап“, изјави портпаролот на британскиот премиер

Велика Британија не верува дека е практично да испрати свои борбени авиони во Украина, изјави портпаролот на премиерот Риши Сунак, откако официјален Киев навести дека ќе се залага да добие такви авиони.

„Британските борбени авиони се исклучително софистицирани и потребни се месеци за да се научи како да се управуваат. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат тие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за она што мислиме дека е вистински пристап“,додаде тој.

Еден ден откако и САД одбија да ѝ испратат борбени авиони на Украина, заменик-министерот за одбрана на Полска, пак, Војчех Скуркиевич, исто така рече дека можното испраќање полски борбени авиони Ф-16 во Украина не е предмет на „официјални преговори“.

„Засега нема официјални преговори за испраќање полски Ф-16 во Украина. Тоа прашање не постои“,изјави Војчех Скуркиевич.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.