Брисел и одговори на Русковска: Владеењето на правото е највисок приоритет
Препукувањата за случајот „претрес во финансиска“, добиваат ново светло. Според информации на Сител, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција добило две пријави, првата за Управата, а втората се однесувала на станицата за технички преглед која водела контрола за исправноста на автобусот кој изгоре во Бугарија, а несреќата одзеде 45 животи. Засега нема потврда за поврзаност на пријавите и дали тоа резултирало со претрес во канцеларијата на Арафат Муареми.
Во меѓувреме од Канцеларијата на ЕУ во земјава информират дека со внимание ги следи јавните препукувања меѓу првите луѓе на Финансиската полиција и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Реакцијата следи откако неодамна, Русковска, повика меѓународните институции и амбасади да проверат кој се бори, а кој прави криминал во државата.
„Примената на владаеењето на правото е еден од највисоките приоритети за Европската унија. Тоа е суштински дел од претстојниот кластер, „основи“, кој прв ќе се отвори во пристапните преговори со ЕУ. Применливите закони ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат. Ова прашање треба да го решат надлежните органи“, се вели во известувањето од Канцеларијата на ЕУ.
По повикот на Русковска за случајот да се заинтересира и Европскиот обвинител Лаура Ковеси, од нејзиниот кабинет, за Сител велат дека била установена комуникација, но засега не е планира нејзина посета на .
„Конкретно за Северна Македонија, имаме воспоставени првични контакти со Јавното обвинителство во врска со работните ангажмани, (надлежности) , со нас. Овие аранжмани ни овозможуваат подобра соработка со државите кои не се дел од јавнообвинителската служба на ЕУ. Во моментов нема план за посета на г-ѓа Ковеши на Северна Македонија“
На меѓународна помош за случајот повика и Управата за финансиска полиција, а директорот, Арафат Муареми, најави дека ќе побара и криивчна одговорност за обвинителите кои наредиле претрес во неговата канцлеарија.
-Злоупотреба на службената положба, соизвршителство и фалсификување лична исправа се кривичните дела за кои Муареми најави дека ќе поднесе кривична пријава за Русковска и дел од нејзиниот тим.. Денеска од финансиска велат дека кривичните ќе ги процесираат идната недела.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат случајот укажувал на злоупотреба на институциите, па прашуваат дали тој бил начинот за рекет.
„Муареми и другите институции во системот мора да кажат дали и ако да, зошто биле злоупотребувани истраги од страна на финансиската полиција за рекет? Дали се отворани предмети за да се држат под закана од прогон луѓе или фирми, а потоа откако ги дисциплинирале ги ставале во фиока?“
Во меѓувреме, група американски сенатори предлагаат донесување закон за Земјите од Западен балкан кој предвидува помош за економски развој и борба против корупцијата.