ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Борис Трајковски“ под клуч, масовна имунизација викендов само во Србија

Три дена пауза за вакцинација против Ковид -19 во државата.  Не само во Скопје за време на продолжениот викенд затворени се сите пунктови во земјава.

– Денеска, утре и задутре нема вакцинација ниту во најголемиот пункт овде во салата Борис Трајковски. Здравствените власти најавуваат дека процесот ќе продолжи во понеделник. Во очекување на поголеми количини, од министерството за здравство не добивме прецизен одговор колку вакцини во моментот има во државата.

-Имунизацијата се врши со вакцините Фајзер, Астра Зенека, Синофарм и Синовак. Министерството за здравство навремено ја информира јавноста за секоја нова пратка вакцини што стигнува во нашата земја, информираат од МЗ.

И додека имунизацијата кај нас се одржува со донации се поголем број македонски граѓани одлучуваат против Ковид да се заштитат во Србија. Последните денеови најпосетуван е пунктот во Врање каде боцкаат со Фајзер и Синофарм.

-И македонците ни доаѓаат во голем број, има и млади на 19 и 20 година, изјави за тамошните медиуми д-р Марина Џикиќ, управник на здравствен дом Врање.

-Мора за патување, за работа, за здравје, за било што, велат македонските граѓани кои се вакцинираа во Врање.

Викендот илјадници македонци ќе се ревакцинираат со Астра Зенека кај северниот сосед. Уште од утринава имаше долги колони на граничниот премин Табановце. Директорот на вакциналниот пункт на Белградскиот Саем вели дека се подготвени да ги пречекаат соседите и да им аплицираат втора доза после 12 недели од првото боцкање.

-Очекуваме 13.000 луѓе, 8000 во сабота. Тогаш ќе работат и двете сали на саемот. Го продолживме работното време од 8 до 17 часот, а стандардно е до 16 часот. Навистина добро се подготвивми и сакаме да покажеме дека сме добри домаќини и добри соседи, изјави Зоран Беќиќ, директор на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем.

Според неофицијални информации само во март околу 15.000 македонски државјани се вакцинираа во Србија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.