Борисов нема да коалицира со Трифонов
Бојко Борисов и неговата партија ГЕРБ се последни на листата партии што решија да не му дадат поддршка на победникот на изборите Има таков народ за да формира влада. Бојко Борисов вели дека нема да ја поддржат Има таков народ и дека ГЕРБ ќе го врати мандатот за составување влада ако ѝ биде доделен.
– Не ве сакам на кој било начин, со целото малтретирање и рекет врз нас, уапсени, приведени, уништени, и денеска и вчера, тие продолжуваат да ги повикуваат луѓето и да ги прашуваат за кого гласале. Направете влада, преземете одговорност, водењето на земјата не е претстава. ГЕРБ е силна опозиција. Веднаш ќе го вратиме мандатот ако ни биде даден – изјави Борисов.
Лидерот на ГЕРБ ги обвини таканаречените протестни партии дека го промениле ставот кон Слави Трифонов зашто тој не им понудил министерски места. Според Борисов, првиот човек на Има таков народ станал најомразената личност меѓу политичарите зашто не давал министерски позиции.