ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Борбата против аерозагадувањето станува стратешки приоритет на Владата на РМ, обезбедени првични 98 милиони денари

На денешната седница на Владата на Република Македонија беше
разгледан предлог за план и мерки за утврдување Програма за
намалување на аерозагадувањето во рамките на стратешките
приоритети на Владата на Република Македонија.
Соодветно на тоа, на денешната седница е донесена одлука за
измени и дополнување на Одлуката на Владата на РМ за
утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која
намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки
приоритет за идната година.
Како една од одлуките на денешната седница, Владата го
задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за
намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на
Република Македонија за 2019 година.
Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година
се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување
дополнителни финансиски средства за оваа програма да се
искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.