ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Болтон: Трамп бараше од Кина да помогне во неговиот реизбор

„Дали претседателот лаже?“, прашува новинарката на „ABC NEWS“ , Марта радац.

„Да, лаже. И не е првпат исто така“, одговара поранешниот советник во Белата Куќа, Џон Болтон.

Поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон одлучи да ги раскаже сите задкулисни случувања во Белата Куќа, најмногу на сметка на својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп. Во своите мемоари, „Собата каде тоа се случи“, Болтон објавува бомбастични обвинувања за Трамп. Но, она што најмногу го натерало да ја напише книгата е  ланската средба зад затворени врати со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која Трамп го замоли да му помогне да победи на изборите. Всушност го условил кинескиот колега да ги купуваат земјоделските производи од американските фармери за да ја добие нивната поддршка на новите избори. Во извадоците од книгата кои се објавени во три угледни американски весници, Болтон раскажува дека Трамп се ставал на страна на авторитарните светски лидери кои му се допаѓале и тоа го правел само од политичка корист, по цена да ослабне и американската нација. На пример, во однос на Путин , Трамп воопшто и не знаел со кого си има работа и бил целосно неподготвен.

  • Мислам дека Путин мисли дека може да си игра со него како со загатка. Путин е паметен и тврд. Знае дека не се соочил со сериозен противник.м ислам дека не го загриѓува Доналд Трамп, смета Болтон. 

За Трамп, Болтон е лудак кој издава лажни приказни, и тврдења кои се спротивни на законот.

  • Ужасна, ужасна работа. Но, го прекршил законот. Многу е едноставно. Колку и да биде прекршен законот, ова е строго доверливо, што е највисока фаза. Строго доверливи информации, за кои нема дозвола, вели Трамп. 

Според аналитичарите, тврдењата на Болтон доправа треба да се истражат дали се факти. Како и да е, речиси 600-тини страници од мемоарите на Болтон за случувањата во Белата Куќа ќе излезат на 23 јуни, а соработниците на Трамп прават се за да не се појави на полиците, а најавена е и тужба. Болтон беше сменет лично од Трамп во септември минатата година, по 17 месеци на функцијата советник за нациоанлна безбедност.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.