Боки 13 откри дека има рак на желудник, вербално ја нападна Рускоска на судењето за “Рекет”
Снимки од безбедносните камери од домот на Орце Камчев, како докази на обвинителството, денеска се прикажуваат на продожението на судењето за “Рекет”.
На видео материјалот од неколку камери е снимено пристигнувањето на обвинетите Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец во домот на Камчев. За нешто повеќе од половина час, на снимките се гледа како го напуштаат домот со поголема торба “Луј Витон”.
Снимките и претходно и беа познати на јавноста, откако нив ги пласираше италијанскиот весник “Ла Верита”.
Пред почетокот на судењето, Јовановски побара одложување на рочиштето поради болки во стомакот, но не го прифати предлогот на судијката да повика Брза помош.
Јовановски рече дека му е дијагностициран рак на желудникот, а брзата помош нема да му помогне. На почетокот на судењето Боки 13 и се обрати на обвинетелката Рускоска со зборовите “што се смееш на малигнозна сосотојба, да даде Господ да ти се врати” по што мораше да интервенира и судската полиција.