ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Боки 13 оди во домашен притвор, одлучи Апелациониот суд

Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на Бојан Јовановски – Боки 13 и од истражниот затвор „Скопје“ го испрати во домашен притвор.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува. Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор“, се вели во соопштението на Основниот кривичен суд во Скопје.

На Боки 13 во случајот „Рекет“ во јуни годинава му беа досудени девет години затвор за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“. На 21 јули годинава, пак започна и судењето против него за случајот со невладината „Меѓународен сојуз“ за делата „перење пари“ и „измама“.

Инаку, Боки 13 помина 15 месеци во притвор. Тој беше уапсен на 15 јули 2019 година како осомничен во случајот „Рекет“, по што му беше одредена мерка притвор што ја издржуваше во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.