Боки 13 денеска повторно во Обвинителството, поднесува нови кривични пријави
Осудениот во предметот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство каде ќе достави уште неколку кривични пријави против актуелни функционери на власта и бизнисмени.Јовановски минатата недела беше во Обвинителството и заедно со неговиот адвокат поднесоа две кривични пријави за кривични дела кои опфаќаат давање лажен исказ, злоупотреба на службена положба, тортура, незаконито влијание. Како што дознаваме, тој има цел да поднесе уште десетинаа кривични пријави.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: