ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Блокирани сметките на сите компании кои му должат на МЕПСО

Сметките на сите компании кои ѝ должат на државната МЕПСО се блокирани. Секој приход кој ќе им доаѓа ќе заврши во МЕПСО. Станува збор за компании кои се занимаваат со трговија со електрична енергија, кои во текот на минатата година црпеле струја од преносниот систем, но не платиле.

„Регулаторната комисија за енергетика е при крај со одобрувањето на новите пазарни правила, каде што ние како МЕПСО на дневна основа ќе имаме преглед меѓу најавената и остварената потрошувачка. Во случај на флуктуации, ќе можеме да интервенираме и да спречиме финансиски последици за компанијата. Што се однесува до долгот, на сите фирми сметките им се блокирани и континуирано сите приходи што влегуваат на нивните сметки автоматски влегуваат во МЕПСО“, рече Орхан Муртезани, директор на АД МЕПСО.

Премиерот Ковачевски, уште еднаш повтори дека институциите се подготвени зимава да немаат проблеми со струја и храна.

Овие коментари беа дадени при промоцијата на новиот дигитален уред во преносната мрежа кој вреди околу 5 милиони евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.