ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат, но Фондацијата ќе продолжи да работи

Бил и Мелинда Гејтс во понеделникот соопштија дека се разведуваат, но дека ќе продолжат да работат заедно во фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите добротворни фондации во светот.

Во идентични твитови, коосновачот на Мајкрософт и неговата сопруга соопштија дека донеле одлука да го прекинат својот 27-годишен брак.

„Воспитавме три неверојатни деца и изградивме фондација што работи низ целиот свет за да им овозможиме на сите луѓе да водат здрав и продуктивен живот“, велат тие во изјавата. „Бараме простор и приватност за нашето семејство додека почнуваме да се движиме низ овој нов живот“.

„По многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да му ставиме крај на нашиот брак… Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме заедно како двојка во следната фаза од нашите животи“, соопштија Гејтсови.

Двојката се венча во 1994 година на Хаваите. Тие имаат три деца – Џенифер, Фиби и Рори Гејтс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс со седиште во Сиетл е највлијателната приватна фондација во светот, со подарени скоро 50 милијарди долари. Таа се фокусира на глобалното здравје и развој и прашањата на американското образование, од инкорпорирањето во 2000 година.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.