Бесполезниот бес на Доналд Трамп
Американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс укинува илјадници работни места и затвора 6 фабрики, 4 од нив во САД. Тоа многу го налути Доналд Трамп. Но и претседателот сноси вина за тоа, смета Хенрик Боме.
Се разбира, другите се виновни. Се разбира, одлуката на Џенерал Моторс (ГМ), најголемиот производител на автомобили во САД, нема никаква врска со неговата политика. Се разбира, шефицата на ГМ влегува во кавга со „погрешна личност”. Се разбира, ГМ треба да престане да прави автомобили во Кина и наместо тоа да отвори фабрика во Охајо – „најбрзо што може”. Вака Доналд Трамп го гледа светот, кој може да биде толку едноставен…
…меѓутоа не е
Џенерал моторс, иконата на американската автомобилска индустрија, од чии производни ленти излегуваат автомобили од легендарните марки Шевролет, Кадилак или Бјуик не се разликува од другите производители на автомобили во светот. Сите тие во моментов се соочуваат со гигантски пресврти: откажување од моторите на внатрешно согорување и отворање кон алтернативните погони и автономното возење. Ова е промена на парадигмата, иако на крајот, придружниците на четири тркала доаѓаат од производните ленти. Но, за да се направат овие нови автомобили, потребни се помалку луѓе. И мора многу да се инвестира за да се напредува во новата автомобилска ера.
Тоа не е различно ниту во Фолксваген. Таму, исто така, (покрај расчистувањето на дизел скандалот) масовно се занимаваат со иднината. Илјадници работни места и таму исто така ќе исчезнат, но социјално подносливо, како што обично се прави во Германија. Но, исто така, и таму милијарди се вложуваат во иднината. Поточно 44 милијарди евра ќе бидат инвестирани во текот на следните пет години во електрична мобилност, автономно возење, услуги за мобилност и дигитализација, бидејќи и таму добро знаат дека во спротивно Фолксваген ќе потоне во безначајност. Се чини дека германскиот концерн ги научил лекциите од мрачното поглавје