Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 62,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 64,50 денари. Цената на дизелот останува 60 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на горивата е во просек за 0,98 проценти.

Новите цени на горивата ќе важат во следните две недели