ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бектеши очекува 10% поевтинување на основните производи поради намалените сметки за струја

Државна помош ќе добијат производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, но и преработувачите на млеко. Од 1-ви декември, ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е тројно помалку од цената на отворениот пазар.

„Во формулација на финална цена на одреден производ има многу импути, а еден од нив е електричната енергија. Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи. Ние како влада имаме механизми доколку тоа се злоупотребува да ја замрзнеме цената на основните прехранбени производи“ – Крешник Бектеши, министер за економија

До утре треба да бидат готови и анализите дали во овој пакет ќе се приклучи и месната индустрија. Очекувањата, пак, на пекарите се дека со ова ќе се стабилизира пазарот, а потоа цената на лебот да падне за околу 10%.

„Со оваа мерка ќе следи сталибизација на пазарот. Таа стабилизација ќе биде месец дена каде што ќе се види како конкурентски тоа ќе делува на производителите. Би можело дека околу 10-ина проценти ќе се спушти цената на лебот и пекарските производи.“ – Горан Ѓорѓиевски, сопственик на пекара

Иста цена на струјата ќе добијат и околу 300 основни и средни училишта и на јавните претрпијатија, најави министерот.

„Се ќе оди преку ЕСМ продажба затоа што ЕВН како универзален снабдувач има одредена маржа. За да не плаќаат училиштата, компаниите и претрпијатијата 10 посто поскапа струја ќе одиме директно преку ЕСМ продажба.“ – Крешник Бектеши, министер за економија

Од 1-ви ноември ќе работи и гасната централа ТЕ-ТО. Засега нема информации од каде е набавен гас, по која цена и за колкав период. Како ќе работат топланите од следната недела, исто така останува мистерија. Од ЕСМ се уште нема информација дали се разгледани останатите три понуди од компаниите од кои побараа комплетирање на документацијата. Гас за топланите има за уште само 3 дена. Ако ЕСМ не набави гас, исите ќе работат на дизел.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.