ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бектеши: Донесена одлука за еднострано раскинување пет договори за концесии за минерални суровини во Лабуништа

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција информира дека Владата на последната седница, по предлог на Министерството за економија, донесе одлука за еднострано раскинување пет договори за концесии за неметалични минерални суровини во околината на Лабуништа.

Како што информира министерот, овие концесии се одземени со цел да се заштити здравјето на локалното население, но и на животната средина во овие региони.

„Имам голема чест и задоволство да објавам дека сo оваа одлука се реализира уште едно ветување што им го дадовме на граѓаните, особено на жителите на село Лабуништа. За време на вонредната состојба настаната поради епидемијата предизвикана од Ковид-19, жителите на селото Лабуништа продолжија да ги доставуваат барањата за одземање на доделените концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини во близината на селото до Министерството за економија укажувајќи дека настанатата прашина при минирање, експлоатирање, сепарирање и транспорт на минералната суровина значително го нарушува здравјето на жителите на селото“, рече Бектеши.

Министерот потсети дека уште минатата година при неговата посета на селото Лабуништа одржал средба со жителите и лично извршил увид на состојбата на терен, на условите во кои работат концесионерите, но и на шететите со кои секојдневно се соочуваат жителите во ова село предизвикани од работата на каменоломите.

„Тогаш најавив, им дадов ветување на жителите во овој регион дека каменоломите во Лабуништа нема да работат, односно Министерството за економија ќе ги направи сите чекори во согласност со законските можности за раскинување на договорите за концесија на концесионерите што работат во тој регион. Како што ветив, денеска ми е чест да објавам дека жителите на овие два региона може да бидат спокојни. Со ова се става крај на опасноста со која се соочуваа жителите на Лабуништа“, изјави Бектеши.

Како што информира министерот, во околината на селото Лабуништа одземени се вкупно 5 концесии за експлоатација, а во согласност со Законот за минералните суровини и во согласност со уредбата врз основа на која се донесени, во случај на еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација по овој основ концесионерот може да поднесе барање за добивање нова концесија за експлоатација на минерална суровина на друг локалитет во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на одлуката за еднострано раскинување на договорот и доколку позитивно се изјаснат сите надлежни институции и општината каде што се наоѓа локалитетот, тогаш концесијата ќе ја добијат директно за експлоатација.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.