ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бектеши: Буџетот е скратен, но има пари за проектите на Министерството

Буџетот на министерството на економија е скратен но не е колку што имаше кратења во останатите институции. Иако поголемиот дел од проектите за субвенции кои можеа да ги користат граѓаните се стопирани, Бектеши тврди дека има доволно средства да се реализира останатиот дел од програмата. Па така ќе се доделат субвенции за печки на пелети, субенции за занааетчии, подршка за микро,мали и средни претпријатија како и финансиска подршка за женско претприемништво.

„Како сите други министерства секако дека има кратење но треба да се има во предвид дека во Министерството за економија има и други мерки што значи ако го земеме вкупно буџетот нема толку кратење ако правиме споредба со други институции“, рече Крешник Бектеши, Министер за економија.

Алсат вчера објави дека граѓаните ќе останат без субвенции за инвертер клими, за плински уреди во возилата, субвенционирани ПВЦ или алумиуски прозори, а пари нема ни за социјалните категории на граѓание за субвеницониран одмор.

Бектеши останува на ставот платите на административците да не се кратат. Пораката од него е компаниите кои користат субвенционирана минимална плата од 14.5000 да го исплатат останатиот дел од платата на работниците.

За разлика од Бектеши, министерката за финансии Нина Ангеловска пред неколку дека изјави дека кратење на платите во администрацијата треба да има со цел сите да го понесеме товарот предизвикан од коронакризата и да му се помогне на приватниот сектор како најпогоден.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.