ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

БАЈДЕН И ПУТИН НЕ ОЧЕКУВААТ НИШТО ИСТОРИСКО ОД ДЕНЕШНАТА СРЕДБА ПОКРАЈ ЖЕНЕВСКО ЕЗЕРО

Портпаролот на Кремљ изјави дека претстојниот самит Џо Бајден-Владимир Путин нема да биде лесен, ниту ќе се направи некој голем пробив.

Бајден и Путин денеска во Женева ќе ја имаат првата претседателска средба, во моментите кога односите помеѓу двете земји се на многу ниско ниво и Дмитри Песков кажа дека темите кои ќе се најдат на агендата се многу проблематични.

„Имаме многу долго време занемарувани прашања низ кои мора да се помине. Токму затоа, претседателот Путин доаѓа со сет на искрени и конструктивни прашања во обид да се најдат решенија. Овој ден нема да биде историски и не очекуваме нешто да се постигне. Руско-американските односи се во многу тешка ситуација. Сепак, самото тоа што двајцата претседатели се согласиле да се сретнат и конечно да почнат отворено да зборат за проблемите е постигнување“, изјави Песков.

Путин и Бајден ќе се сретнат во вила од 18. век со поглед на Женевско Езеро, а состанокот треба да почне околу 13 часот. Во 1985 година, во Женева разговараа и Роналд Реган и Михаил Горбачов.

Самитот следува откако двајцата лидери четири месеци разменуваа остра реторика, но Бајден кажа дека ќе биде многу важно доколку САД и Русија постигнат стабилност и предвидливост во своите односи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.