Бајден и Путин на видео средба за Украина
Русија ќе плати висока цена ако ја нападне Украина. Ќе се соочи со остри економски санкции, слични на иранските предупредија Вашингтон и Брисел. Разузнавачките информациите на американскиот претседател велат дека на границата со Украина се распроредени 175 000 војници кои планираат инвазија на почетокот на следната година. Тензиите околу Украина и движењето на НАТО кон руските граници ќе бидат во фокусот на вечерната виртуелна средба помеѓу првите луѓе на САД и Русија , Бајден и Путин. Заканите за санкции за руската страна се провакција. Москва не планира напад врз Киев, но ги презема сите воени и технички мерки за да ги сузбие заканите на своите западни гараници кон кои НАТО опасно се доближи вели протаролот на Кремљ.
-Постои одредена кризна ситуација во Украина. Гледаме агресивна и напаѓачка реторика од европските престолнини и Вашингтон. Претседателот Путин има апсолутно јасно формулирана позиција, тој збореше за потребата да се започнат преговорите врз систем на гаранции вели Дмитриј Песков.
Рускиот претседател сака НАТО да престане да се шири кон исток, барајќи од САД пишана гаранција за тоа. Русија за возврат, вели Путин е подготвена на воениот сојуз да му понуди сопствени гаранции за заемен мир.