Бајден веќе „гледа“ кон Белата Куќа, сега води и во Пенсилванија
Доналд Трамп полека може да размислува за селидба од Белата Куќа, откако Џо Бајден направи „пресврт“ и во Пенсилванија.
Иако Трамп таму имаше водство од цели 19.000 гласови, сепак, сега предноста е на страната на Бајден. Претходно Бајден „сврте“ и во Џорџија.
Трамп, пак, малку го намали заостанувањето во Невада, но ќе му биде залудно ако не ја добие Пенсилванија.
Стигнаа и резултатите од Филаделфија каде Трамп имаше 18 илјади гласови предност. Сега таму исто така води Бајден.
Како што се гледа, Бајден е пред победа. Трамп веќе неколку го оспоруваше гласањето. Но, ова броење на гласови се чини ќе потрае, а уште повеќе ќе потрае прогласувањето на дефинитивниот победник.