Бајден вели потерницата за Путин е оправдана, за Киев е историска, Москва вели дека е безначајна
Американската влада го поздрави издавањето потерница за рускиот претседател Владимир Путин од страна на Меѓународниот кривичен суд. Американскиот претседател Џо Бајден смета дека чекорот е оправдан, а судот располага со силни аргументи, бидејќи Путин несомнено извршил воени злосторства. Налогот за апсење од Судот со седиште во холандскиот град Ден Хаг е издаден поради обвинување за киднапирање деца од окупираните области во Украина и нивно депортирање во Русија. Според украинската влада, заклучно со февруари годинава, повеќе од 16.000 деца се одземени од Украина и насилно префрлени во Русија или во подрачја под руска контрола.
НОВИНАР: МОЖЕТЕ ЛИ ДА НИ ЈА ДАДЕТЕ ВАШАТА РЕАКЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД КОЈ ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ВЛАДИМИР ПУТИН?
БАЈДЕН: ПА, МИСЛАМ ДЕКА Е ОПРАВДАНО. НО, ПРАШАЊЕТО Е – ТОА НЕ Е МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТО, НИТУ ОД НАС, НО МИСЛАМ ДЕКА ИМА МНОГУ СИЛНА ПОЕНТА.
НОВИНАР: ДАЛИ ТРЕБА ДА МУ СЕ СУДИ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА?
БАЈДЕН: „ТОЈ ЈАСНО ИЗВРШИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА“.
Претседателот на судот, Пјотр Хофмански, вчера во видео изјава рече дека иако судиите на Меѓународниот кривичен суд ги издале налозите, сепак се ќе зависи од меѓународната заедница да ги спроведе истите бидејќи судот нема своја полициска сила за извршување на налози. Потерница е издадена и по Марија Лвова-Белова, комесарка на рускиот претседател за правата на децата, за наводните воени злосторства за депортација на деца од украинските окупирани територии во Руската Федерација.
ОВА Е ВАЖЕН МОМЕНТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРАВДАТА ПРЕД ВО МКС, СУДИИТЕ ГИ РАЗГЛЕДАА ИНФОРМАЦИИТЕ И ДОКАЗИТЕ ДОСТАВЕНИ ОД ОБВИНИТЕЛОТ И УТВРДИЈА ДЕКА ИМА ВЕРОДОСТОЈНИ НАВОДИ ПРОТИВ ОВИЕ ЛИЦА ЗА НАВОДНИТЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА. МКС ГО ВРШИ СВОЈОТ ДЕЛ ОД РАБОТАТА. КАКО СУД, СУДИИТЕ ИЗДАДОА НАЛОЗИ ЗА АПСЕЊЕ. НИВНОТО ИЗВРШУВАЊЕ ЗАВИСИ ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА, ИЗЈАВИ ПЈОТР ХОФМАНСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД.
Можното судење на било кои руски државјани во овој суд останува далеку, бидејќи Москва не ја признава неговата јурисдикција – став што претходно оваа недела го потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков – и не ги екстрадира своите државјани.
СМЕТАМЕ ДЕКА САМАТА ФОРМУЛАЦИЈА НА ПРАШАЊЕТО Е СРАМОТА И НЕПРИФАТЛИВА. РУСИЈА, КАКО И ГОЛЕМ БРОЈ ДРЖАВИ, НЕ ЈА ПРИЗНАВА ЈУРИСДИКЦИЈАТА НА ОВОЈ СУД И, СООДВЕТНО, КАКВИ БИЛО ОДЛУКИ ОД ВАКОВ ВИД СЕ НИШТОВНИ ЗА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ОД ГЛЕДНА ТОЧКА НА ПРАВОТО, НАГЛАСИ ПОРТПАРОЛОТ НА КРЕМЉ, ДМИТРИ ПЕСКОВ.
Меѓународниот кривичен суд не е општо признат, ниту од САД, ниту од Кина. Римскиот статут го имаат ратификувано околу 120 држави, меѓу нив и Украина по анексијата на Крим од страна на Руската Федерација во 2014 година.
Сегашната правна ситуација на Меѓународниот кривичен суд му овозможува подигнување обвиненија за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Меѓународниот кривичен суд не е во можност против Путин да подигне обвинение за злосторство агресија, односно агресорска војна, зашто тоа е ограничено само на лица од држави кои пристапиле кон Римскиот статут