Ахмети -Сера: Земјата ќе продолжи да се интегрира во НАТО и ЕУ
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, во седиштето на ДУИ во Тетово го пречека Aмбасадорот на Шпанија во Македонија, г. Емилио Лоренцо Сера.
Г. Ахмети и Амбасадорот Сера разговараа за имплементацијата на Договорот од Преспа и уставните измени , како и за ситуацијата во регионот.
Претседателот Ахмети ги истакна своите очекувања во врска со подршката во Собранието за интегративниот процес на земјата да се зголеми уште повеќе до успешно завршување на процесот.
ДУИ ќе го продолжи дијалогот со пратениците и парламентарните партии со цел зголемување на подршката следните месеци.
Амбасадорот Сера акцентот го стави на шпанската подршка за интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската Унија.
На средбата се дискутираше и за ситуацијата во регионот и актуелните геополитички и геостратешки околности.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: