ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ахмети и Ковачевски влегоа во отворена војна со медиумите: Алфа била партиско гласило, Телма трговец со енергенси

Димитар Ковачевски и Али Ахмети влегоа во отворена војна со медиумите. По синоќешниот скандалозен испад на лидерот на ДУИ, денеска премиерот отиде и чекор понатаму – Алфа ја обвини дека наликувала на партиски сектор за комуникации, а Телма на трговец со енергенси.

-Во државата има медиум чија што уредувачка политика повеќе наликува на компанија која тргува со енергенси, а има и медиум чија што улога повеќе личи на партиски сектор за комуникации, изјави Ковачевски.

Нападот на Ковачевски дојде неполни 24 часа откако Ахмети овие две телевизии ги нарече антиалбански.

-Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, порача Ахмети.

Ковачевски не го осуди ова, порача дека Ахмети говорел со факти.

-Господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на одредени факти и за објаснување ќе требад да го прашате него, бидејќи за медиумите и јас имам свое лично мислење, изјави Ковачевски.

Ова не е прв пат Алфа да им биде трн во око на политичарите од власта, телевизијата подолг период се соочува со притисоци од институциите. Телевизијата често е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаја да најдат ништо неправилно и незаконско.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.