ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Атина ќе поднесе протест до Белград зошто не била информирана за товарот на авионот што се урна во Грција

Атина најави дека ќе поднесе протест до Белград зошто не била информирана за карактерот на товарот на украинскиот авион, кој во саботата полета од Србија и се урна во областа Кавала, пренесуваат грчките медиуми.

По наредба на министерот за надворешни работи Никос Дендиас, амбасадорот на Грција во Србија ќе го достави соодветниот демарш, во врска со потребата Белград да ја информира грчката страна за карактерот на товарот на авионот.

По падот на авионот областа околу местото на несреќата била евакуирана неколку часа а посебна загриженост била непознатата бела супстанца пронајдена околу авионот.

Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ вчера изјави дека товарот на авионот е произведен од српската одбранбена индустрија и негов купувач е Министерството за одбрана на Бангладеш.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.