ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Арсовска: Нема посериозни нарушувања на мостот Беласица, Гаревски: Експертизата ќе покаже какви санации се потребни

По една недела од пожарот на мостот кај железничката , утрово на средината од мостот Беласица беа градоначалничката Арсовска со нејзиниот тим и професорот Михаел Гаревски, поранешен директор на Изиис.Упатија оптимистички сознанија од привичното вештачење дека и не е се така црно како што сакаат да покажат одредени политички структури.

„Паушалните тврдења како досега кои произлегоа од политичките агенди на групи и поединци, што само шират страв и паника помеѓу граѓаните, не помагаат никому.Жалам што можам да констатирам дека секоја непогода со која се соочува градот резултира со медиумски линч на градската администрација иако на граѓаните им е јасно дека се работи само за очајни обиди за собирање на политички поени.Сакам уште еднаш да потенцирам дека во моментов правиме се што е во наша можност мостот час поскоро да биде пуштен во употреба.“, рече Арсовска.

На барање од Градот Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени ќе направи експертиза и проверка на сигурноста и оштетувањата на мостот, којашто се состои од визуелна инспекција, недеструктивни тестови, односно земање примероци за проверка на носивоста на бетонот и на оштетената арматура, вели професор Гаревски.

„Видни се оштетувања од аспект на отпаѓање на бетон којшто е како резултат на висока температура, но исто така и на гасењето со вода. Големата температурна разлика на водата и огнот доведува до такви отпаѓања на бетонот, но на главната носива конструкција не може да се види дека арматурата е откриена, што не е случај со горната плоча, каде има отпаѓање на бетонот и арматурата може да се види, но тоа не е носив елемент на конструкцијата“, изјави Гаревски.

Гаревски смета дека експертизата која ќе ја прави институтот не би смеело да биде повеќе од 20 дена, но таа ќе покаже дали треба санација и каква ќе биде таа. Во најоптимистичкото сценарио мостот може да биде пуштен за сообрајќај само со една лента, но сепак и за тоа треба да има дозвола по завршената експертиза.Арсовска се заблагодари на брзата реакција на пожарникарите, со што оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот, а мостот ќе биде пуштен во нормална употреба оној момент кога ќе бидеме сигурни дека нема никој да биде загрозен, порача Арсовска.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.