ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Антикоцкање создава заблуда во јавноста дека игрите на среќа се закана за младите

Антикоцкање создава заблуда во јавноста дека игрите на среќа се најголема закана за младите генерации. Во казината одамна се имплементираат сите највисоки стандарди на ЕУ и се е 100% законски.

Ова е првата јавна реакција од вработените во секторот на игри на среќа Сакам Да работам, по еднгодишната кампањата на здружението Анти коцкање, кое преку предлоз закон бараат сите објекти каде се приредува игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 3 километри од населените места

  • И ние сме родители, најчесто на малолетни деца и никогаш не би се согласиле да бидеме дел од нешто што ги прави нив потенцијални жртви. . Во автомат клубовите имаме дежурен психолог кој стои на располагање за секој играч кој евентуално ќе почувствува зависност од игрите на среќа. велат од Здружението на вработени во секторот на игри на среќа Сакам да работам.

Оттаму тврдат дека предлог законот на Анти коцкање нема да ја постигне целта, напротив ќе креира предуслови за отворање на „диви“ играчници.

Од Анти коцкање сметаат дека порокот коцкањето кој е присутен и покрај училиштата каде има отворено голем број казина и обложувалници, може да се запре само со ригорозни закони, а пример за тоа ни се соседните земји Косово Албанија и Грција

Новиот предлог закон за игри на среќа треба има второ читање и се очекува да биде изгласан во собранието најдоцна до крајот на оваа година. Според Антикоцкање сите пратенички групи даваат подршка на законот.

Статистичките податоци говорат дека во Македонија 1 милијарда и 400 милиони евра се трошат на годишно ниво во казина и обложувалници, а нашата држава е меѓу првите 5 земји во Европа според бројот на обејкти каде се приредуваат игри на среќа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.