Антикорупциска собира податоци за набавката на кинеските вакцини
На денешниот колегиум на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е донесена одлука да се соберат податоци за набавката со кинеските вакцини против ковид-19 и доколку има елементи да се отвори предмет.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, за Радио Слободна Европа, вели дека за овој случај треба да се вклучат и други органи како Јавното обвинителство.
„Ние се договоривме да собереме доволно информации да ги разгледаме околностите и потоа ќе одлучиме како ќе постапуваме понатаму во зависност од тоа што ќе добиеме како информација“,
Претходно, Ивановска рече дека се изненадени од тоа дека постоен неорганизиран процес на набавка на вакцините и дека ризикот за корупција доаѓа од високо ниво.
„Се набавува од приватни фирми. Можеби најдобри биле намерите, но се нарушува довербата на граѓаните во институциите. Има работа и за Антикорупциска, но и за Обвинителството“,
Италијанскиот весник „Ла верита“ два дена по ред објавува информрации и документ поврзани со набавката на кинеските вакцини. Весникот тврди дека причината за враќање на авансот е што зделката требало да се одвива преку фантом-фирма со седиште во Хонгконг, а тоа оставило сомнеж кај официјален Пекинг што, пак, довело до поништување на процедурата.
Премиерот Зоран Заев, рече дека една од фирмите преку која се обиделе да ја направат нарачката била фирмата мајка на компанијата „Синохидро“, која е ангажирана во земјава за изградба на патишта.
Негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување, зашто во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали. Јас ја информирав јавноста, и министерот за здравство информираше дека после две недели чекање на активности на кинеската амбасада, ние директно преку ‘Синофарм’ не можевме да добиеме контакт и дадовме нарачки преку приватни компании кои Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку кинеската амбасада“,
Министерот за здравство, Венко Филипче, во вчерашаната изјава ги отфрли обвинувањата за скандал со набавката.
„Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство укажаа од кинеското Министерство за надворешни работи дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го послушавме и го направивме и затоа сега на некој начин се одолговлече тој процес, затоа се врати уплатата“,