ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Анри Мишел слета во Охрид, ќе учествува на форумот „Преспа“

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, попладнево му посака добредојде на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој пристигна во Охрид, каде ќе учествува на форумот за дијалог „Преспа“.

-Исклучително важна посета, во важен момент за нашата земја и за целиот регион. Ќе имаме одлична можност со господинот Мишел да го повториме ставот за нашата стратешка определба и партнерство со ЕУ и да поразговараме за идните планови за натамошен развој на Западен Балкан и ЕУ, во пресрет на јунскиот Самит на француското претседателство, напиша Маричиќ на Фејсбук.

Форумот „Преспа“ ќе се одржи во следните два дена.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.