ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Андоновски: Нема да го почитуваме пописот, ќе спроведеме нов по стандардите на ЕУРОСТАТ

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи и да го почитува пописот, а идната влада ќе спроведе кредибилен попис по сите стандарди на ЕУРОСТАТ и другите институции на Обединетите нации, истакна денеска на прес-конференција членот на Извршниот комитет на партијата, Стефан Андоновски.

Според него, власта се труди да донесе фалсификат, како што направила со и со изборите.

– Нејасни се за нас три поенти, односно три состојби. Првата, зошто не се објавува методологијата на попишување која што требаше да биде интегриран дел на Законот за попис за сите да ја видат? Под број два, зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст кои што секако треба да се набават и е законска обврска за локалните избори кои ќе се одржат оваа година и третиот дел тоа е дека СДСМ се обидува да направи попис во кој луѓето нема да имаат доверба, граѓаните нема да имаат доверба и институциите нема да имаат доверба, рече Андоновски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.