ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Под притисок на Власта одложен извештајот на Венeцијанската комисија

Македонските власти побарале од најважната европска експертска институција да ја одложи расправата за мислењето  за македонскиот закон за јазици. Во прелиминарниот извештај на венецијанската комисија кој беше објавен завчера се вели дека  целосното спроведување на законот за јазици ќе го загрози функционирањето на целиот судски систем и наметнува нереални правни обврски за судовите. Официјално од прес службата на Венецијанската комисија  потврдија дека расправата за македонскиот закон за јазици се одложува на барање на македонската влада и дека оттаму треба да се бараат одговори зошто дошло до двомесечно поместување на датумот.

Веднаш по објавување на извештајот владата се обиде да ги минимизира заклучоците на комисијата, но според извори  еден од највисоките владини функционери отишол чекор понатаму и од Венецијанската комисија побарал наместо на 18 октомври, расправата за официјализирање на мислењето да се одложи до средината на декември. Дел од членовите на комисијата велат дека се работи за невообичаено барање, но не сакаат да откријат кои биле аргументите на македонскиот владин претставник.  Владата зошто било побарано одложување на расправата за законот за јазиците, но добивме само штур одговор дека нема да коментираат се додека не ја добијат конечната верзија на мислењето.

Мислењето на експертите на Венецијанската комисија е класифицирано, сè до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. Владата на Република Северна Македонија ќе почека до објавување на конечна и официјална верзија на мислењето, а до тогаш нема да го коментира – велат од Владата .

Нервозата во владината коалиција ја најави пратеникот на ДУИ Артан Груби кој вчера се закани дека ако законот биде повлечен под влијание на европските уставни експерти, тоа би имало последици за македонскат стабилност.

По неколкукратно одложување Властите го испратија законот во Венцијанската комисија при што се бараше мислење само за две прашања, униформите и банкнотите.  Но откако експертите увиделе дека во законот има индиции за системско нарушување на уставни начела Комисијата го анализирала целиот закон при што во него пронашла голем б рој на правни нелогичности и аномалии. Според познавачите, со барањето за одложување на расправата владата ќе добие два месеци за лобирање да се промени нацрт мислењето во нејзина корист. Ако експертите сепак не попуштат, владата ќе добие 60 дена да се подготви за официјалната верзија која е поразителна за коалицијата на СДСМ и ДУИ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.