ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Албанскиот претседател Мета го завршува мандатот со посета на Косово

Претседателот во заминување на Република Албанија, Илир Мета допатува денеска во тридневна официјална посета на Косово, на покана на неговата косовска колешка Вјоса Османи.

Кабинетот на Османи објави дека официјалниот дел од посетата на нејзиниот албански колега ќе почне утре претпладне, кога таа ќе го пречека Мета со највисоки државни почести на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во центарот на Приштина.

Според програмата на посетата, двата претседатели ќе имаат билатерална средба, по која ќе одржат заедничка прес-конференција, додека утре вечер ќе присуствуваат и на свеченото отворање на културната манифестација „Манифеста 2022“ во косовската престолнина.

Ова е последна официјална посета на Мета како претседател на Албанија на една држава, со оглед дека неговиот мандат завршува в недела, на 24 јули.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.