Албанија, продолжуваат политичките тензии околу изборите
Доближувањето на датумот за локалните избори во Албанија ја прави уште понапната политичката состојба во оваа земја. Од говорницата на Собранието, премиерот Еди Рама, ја обвини опозицијата дека го изгубила компасот, особено по настанот кога градоначалничката на Скадар, Волтана Адем, не и дала дозвола на Социјалистичката партија да одржи митинг. Таа се заканила и со ангажирање на општинската полиција.
Имала Албанија и тешки моменти, но имаше консензус меѓу политичките сили каде што не се спречуваше активноста на другиот. Фанатичните енверисти од 91 – та се обидоа во последните воздишки да и го затворат патот на ДП, денеска се појавија последните воздишки на оваа партија која целосно го изгуби компасот и чувството на мисијата поради која се роди- рече Еди Рама, премиер.
Рама ја обвини опозицијата дека сакаат да го повторат 2 април, а претседателот Илир Мета го обвини дека фрла масло на огнот.
Изгледа планот е да се направи 2 април денеска попладне, бидејќи никој не се променил во визијата, пристапот и методата, во неговата глава дека е врховен лидер на ДП. За жал, ова е резултат и на скандалозното вклучување на тој што денеска е во Кабинетот на Претседателот, но кој го изгубил правото да остане во тој Кабинет со фрлање на масло на огнот- рече Еди Рама, премиер
Опозициските партии и натаму бараат оставка на премиерот и одложување на локалните избори закажани за 30 јуни. А Претседателот Илир Мета, бара власта и опозицијата да седната и да водат дијалог. Според полицискиот биланс, во неколку градови се нападнати 14 општински изборни комисии, а уапсени се вкупно 12 лица, меѓу кои и тројца градоначалници, а по уште 20 други се трага. Насилството извршено од милитанти на опозицијата и натаму наидува на остро спротивставување на меѓународните претставници од ЕУ и САД. „Во демократските земји изборите решаваат криза, тука се случува спротивното. Тоа што се случи во Скадар, Бајрам Цури и други градови е вистинска несреќа. Луѓето со демократски менталитет не палат училишта, не уништуваат, напротив, се сосема нешто друго“, изјави австрискиот амбасадор во Тирана, Јохан Сатлер за време на посетата на Скадар.