ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Албанија не им дозволи влез во земјата на стотина грчки државјани

На албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, албанските власти не им дозволиле влез на 100 грчки државјани, кои сакале да присуствуваат на 40-дневниот помоен на убиениот Костандинос Кацифас.

Полицијата потврди дека меѓу лицата има и Албанци кои државата ги прогласила за непожелни личности ден по погребот на Кацифас, наводно поради нивна „неприфатлива, навредлива и опасна“ активност на денот на погребот.

Албанската полиција на сите гранични премини има доставено список на лицата на кои им е забранет влез во земјата.

Кацифас беше убиен во Буларат во престрелка со албанската полиција на 28 октомври.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.