ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Албанија ги спушти рампите на границата со Косово

Албанскиот Национален центар за управување со границите донесе одлука да забрани влез на автомобили што доаѓаат од територијата на Косово. Како што се соопштува, одлуката стапува во сила од 06:00 часот изутринава.

Влез преку Косово на територијата на Република Албанија ќе им биде дозволен единствено на возилата за прва помош, владините возила и транспортот на хранителни продукти.

Мерките ќе останат во сила до 15 март.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.