ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Албанија во изворен молк: Рама очекува утре да освои двотретинско мнозинство, опозицијата убедена дека по 8 години ќе го собори од власт

Албанија денеска е во изборен молк, а утре граѓаните ќе гласаат на парламентарни избори. По еден месец кампања, лидерите на двете партии во завршните митинзи ги кажаа своите очекувања.

Премиерот Еди Рама и неговата Социјалистичка партија очекуваат двотретинско мнозинство во новиот парламентарен состав од 140 пратеници, додека Демократската партија па Љуљзим Баша, кој ја предводи опозициската коалиција Алијанса за промени, пак, очекува да ја собори актуелната власт и по 8 години повторно да ја предводи албанската влада.

Претседателот Илир Мета, кој доаѓа од редовите на опозицијата, во текот на кампањата дури најави и дека ќе си поднесе оставка ако на утрешните избори победи Рама.

Кампањата траеше еден месец, беше различна од претходните поради пандемијата со ковид-19. Сепак, тоа не беше пречка и за завршните митинзи организирани вчера, на кои имаше масовно присуство. Владејачката партија ја заокружи кампањата со митинг во Валона, а опозицијата во Тирана. Во текот на кампањата не изостанаа обвинувањата и навредите, но и инцидентите. Помеѓу посериозните беа кршење прозорци на изборни штабови, обид за купување гласови, а најсериозниот беше вооружен напад во Елбасан каде беше убиен активист на партијата на Рама.

Пред утрешното гласање партиите повикаа на мирен изборен ден, а се огласи и меѓународната заедница. Преку видеопорака странските дипломати во Тирана, повикаа на слободни и фер избори, нарекувајќи ги многу значаен настан за демократијата. Тие апелира до граѓаните да не го продаваат гласот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.