ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Акција „Двојник“ за пасоши со украден идентитет на луѓе од Пустец, опозицијата го обвинува двоецот Заев-Спасовски дека се мафијашко гнездо

215 пасоши биле издадени во МВР на странци со сомнително и криминално минато и со украден идентитет, потврдија за Телма извори од истрагата на скопското обвинителството и МВР одделот за гонење организиран криминал.

Во акцијата „Двојник“ уапсени се 9-мина полициски службеници, главно од управната пасошка служба во МТВ, но и двајца од полициските станици Драчево и Бутел кои работеле на фотографирање на двојниците со легален македонски пасош. Истрагата траела 14 месеци во соработка со Интерпол и со американските бебзедносни служби кои технолошки и помагале со алатки за препознавање на лица.

Опозицијата која вчера го откри случајот за истрагата Двојник и го крсти Мафија, денеска соопшти дека не може главните луѓе во МВР да не знаат ништо за лажни пасоши кои се издаваат и да се апсат службеници од пониски структури во пасошкото. Врвот на власта, Мицкоски го нарече Мафијашко гнездо и оцени дека акцијата не е пробиена со нивните информации туку е убрзана за да не се сокрие.

-Ако ја спроведувале во последните година дена тогаш требало да ја спроведат, дај Боже стално вака да ги саботираме и да ги инспирираме да ги завршуваат акциите но треба да почнат од себе, не да почнат од службеникот или службеничката што зема оттисок од прст и фотографира. Бидејќи на нив им било така кажано од други структури, затоа што немојте да ме убедувате дека тој службеник знае кој е Јован Вукотиќ или уште помалку знае кој е Георги Андонов. Или пак Седат Пекер, а уште помалку знае кој е Џадин Адемовски и уште такви стотици лица. Да не се лажеме, криминалот е во врвот на власта. Колку побрзо расчистиме со овие луѓе, толку побрзо ќе имаме правна држава. Се останато е растурање пердуви и приказни за мали деца, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите документи кои ги има ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предаде во обвинителство.

На пресот беа покажани два случаи, пасош под име Георги Андонов, а кој всушност бил даден на српско-црногорскиот криминалец Вукотиќ. Вториот е за турчинот Пекер кој гласел на име Џевадин Ајдемовски. И двата пасоши се издадени на адреси кои не постојат. Според извори од истрагата, пасошите биле издавани на име на лица кои не живеат во државата, а имаат македонски државјанства.

Најголем дел од веќе потврдени 215 лажни пасоши биле всушност со идентитет на македонски државјани од Мала преспа и од Пустец. Сликите биле од носителите на пасошите-криминалците, а податоците биле украдени.

Постоела група на службеници во МВР кои во определени моменти ја извршувале процедурата со фотографирање и уфрлање на подaтоците.

Потоа пасошите до нарачателите ги носел курир, лице кое ги договарало зделките и не е во МВР. За над 110 носители на пасоши е откриено каде се наоѓаат во странство, а по останатите уште траела потрагата за да се откријат земјите каде се сега.

Но акцијата веќе е спроведена, а предвидената реализација со помош на Интерпол во други европски земји ќе се одвива понатаму. Едно лице од Македонија не е достапно и се води дека е во бегство.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.